• Sun. Nov 24th, 2024

Здрава котлина заедно со уште 32 организации бараат законот за минерални суровини да не се носи по сктратена постапка

Граѓански организации, меѓу кои и струмичката Здрава Котлина , високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка, нетранспарентнo, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

Триесет и три (33) невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање “Разбистри сé” денеска испратија дописи до претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да го повлечат предлог-законот и да го вратат во редовна процедура.

Тие бараат експертската јавност и сите заинтересирани граѓани да бидат вклучени во процесот на усвојување на законот и да им се овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст преку јавно објавување на законските измени на владиниот ЕНЕР систем, две читања во Собранието на РСМ и одржување собраниска јавна расправа и расправа за консултација со јавноста.Во дописот се предупредува дека измените навлегуваат длабоко во процедурите на добивање и одземање концесии за експлоатација на минерални суровини, се бришат постоечки обврски за барателите на дозволи со кои процедурата станува нетранспарентна и финансиски сомнителна и се овозможува и понатаму ефтина распродажба на националните природни богатства.

Исто така се проширува и обемот наминерални суровини кои ќе бидат давани под концесија и се олеснуваат концесиите за ископување на песок и чакал, наместо да се ограничат поради досегашните злоупотреби со кои се уништени многу речни корита и плодни земјишта.

22

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *