Зголемени водостоите на Охридското и Дојранското Езеро
Водостоите на Охридското и на Дојранското Езеро се повисоки за еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, Охридското и Преспанското Езеро имаат пониско ниво од просекот за април и тоа за 21 сантиметар кај Охридското и за 1,52 метра кај Преспанското, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од повеќегодишниот просек. И покрај тоа, Преспанското Езеро за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и се на приближно исто ниво како вчерашното.