Двојно зголемен бројот на преставките од граѓаните во Југоистокот до Народниот правобранител. За првите шест месеци од годинава до канцеларијата во Струмица стасале дури 70 тина преставки колку што се евидентирани во текот цела минатата година.
Граѓаните во немоќ да се справаат со институциите реагираат на прекршување на нивните права токму до Народниот правобранител а најчесто реагирале за прекршување на права од областа на правосудството и урбанизмот
За разлика до претходните години, кога најчесто реагираа струмичани, како што потенцираше Славчо Тимов последниов период се поголем број на преставки доаѓаат и од останатите општините. Тоа укажува дека граѓаните од Југоистокот се повеќе се информирани за работата на обдусманот