Околу 210 илјади денари се собрани од хуманитарниот концерт на Фондација Елеуса ,,Звукот на човечноста“ за четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово на која и се потребни околу 50 илјади евра за лекување во Турција. Струмичани донираа и преку купување билет за концертот но и на пунктот поставен за таа намена и повторно ја покажаа хуманоста да се подаде рака и помогне на лица на кои им се потребни пари за лекување.
На концертот настапија вокално инструменталниот состав „Стихири, бендовите на СОУ „Јане Сандански „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, како и младите од ОМУ ,,Боро Џони“ од Струмица. Тие на сцената во НУЦК ,,Антон Панов“ преку музика апелираа на хуманост и заедништво што доволно покажуваат и фотографиите објавени од Фондацијата Елеуса.
Видео од концертот може да видите ТУКА