И понатаму постои огромен расчекор помегу квалитетна понуда на образовани кадри и реалните потреби на пазарот на трудот. Иако последниве години за 6 одсто е зголемен бројот на средношколци во средното стручно образование, и понатаму голем број на образовни кадри се дефицитарни. Иако ова година се воведоа дуални паралелки, за дел има огромен интерес а за учениците, државата обезбедува по 3 500 денаи стипендии во рок од 9 месеци
Директорот на СОУ Никола Карев- Драго Јанков подвлече дека кај нив од дуалното образование најмногу интерес има за образовниот профил производно машинство.Таму се запишале 19 средношколци кои наставата ја реализираат како во училиште така и во домашни компании кои се пријавиле за овој тип на образование. Јанков смета дека тоа е иднината на средното стручно образование но и задоволување на потребите на пазарот на трудот бидејки по завршување на средното образование средношколците ке можат да се вработат во компаниите каде ја следеле практичната настава.
Во 2017 година со поддршка на СКМ, 11 компании се вклучија во соработка со средните стручни училишта но сега е постигната бројката од 211 компании вклучени во конкурсот за упис во средните училишта. Оттаму посочуваат дека станува збор за голем исчекор, за кој допрва ќе може да се видат резултатите преку новите 97 дуални паралелки, од кои 11 се од веќе постојните програми, додека 86 паралелки се резултат на соработката на компаниите со стручните училишта.