• Fri. Nov 22nd, 2024

Захариева: Ја даваме целата поддршка Македонија да започне преговори за членство

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, денеска во Ново Село изјави дека договорот за името помеѓу Македонија и Грција не му пречи на договорот за добрососедство којшто го потпишаа Македонија и Бугарија. Таа вели дека целата енергија во моментов е насочена кон тоа Македонија да добие покана за членство во Европската Унија. Според Захариева, најважно е земјата да тргне напред, да се развива меѓусебната соработка, економската размена и туризмот, зашто според неа, тоа е иднината на земјите од регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *