• Fri. Nov 22nd, 2024

Затворени избирачките места, почнува броењето

By

Oct 31, 2021

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат во вториот круг од Локалните избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Како што информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, гласањето ќе продолжи на неколу избиорачки места, каде што имало прекин на изборниот процес повеќе од еден час. Продолженото гласање ќе биде толку колку што траел прекинот.

Според податоците на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 48,88 отсто.

Даштевски кажа дека во Центар на три избирачки места гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 55 минути.

Во Сарај на две избирачки места за 2 часа и 55 минути и на едно место 2 часа. Во Карпош едно место 2 часа и 30 минути. Во Чешиново Облешево за 1 час и 11 минути ќе се продолжи во едно избирачко место. Во Зелениково за 2 часа и 15 минути.

Во Пробиштип на две места: едното за 1 час и 55 минути, на второ за два часа. И во Долнени за 1 час и 30 минути.

Во вториот круг од седмите Локални избори се гласашe за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи.

извор:https://alsat.mk/mk/zatvoreni-izbirachkite-mesta/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *