Засилените контроли на шумските редари во координација со полицијата ги намалија дивите сечи
Шумско стопанство „Беласица“ со години се бори со дивата сеча низ Огражден, Беласица, Еленица , а не е поштеден ниту зелениот појас над градот. Велат дека за разлика од блиско минато , дивата сеча е намалено , но не и целосно искоренета. Шумските редари се на терен, но низ градот и понатаму се забележуваат запрежните коли натоварени со дрва, но и натоварените магариња и коњи натоварени со дрва.
Дрвокрадците организирани некогаш и со по 20-30 возила преставуваат опасност и за инспекторите – ги напаѓаат и покажуваат сила врз нив. Иако досега 13 пати се менувал Законот за шуми, велат инспекторите, повторно се неопходни измени и репресивни мерки за да се спречи уништувањето на шумите.
Од Инспекторатот за шумарство велат дека имаат волја, но кубурат со стручни кадри, пред се со шумски чувари, како и со возила и со инспектори. На целата тероторија на земјата има 14 шумарски инспектори, како и шест возила за на терен. А, тие се далеку од доволни за да се следи целата територија.