… поради кој немил настан многумина од нас останаа без својот основен приход на живеење.
Меѓутоа, сакаме и да укажеме дека политичките препукувања не се потребни во овој момент. Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат.
Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент, за да може сите заедно да го изградиме повторно нашето работно место.
Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во Глобал да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.