Околу 6 илјади садници багрем, аризонски чемперс и бел бор беа засадени во акцијата што ја организираше здружението ,,Трибенкс’’ од Радовиш во која учествуваа ученици, граѓани доброволци и преставници на повеќе институции. Во акцијата што се реализираше викендов беа посадени и околу 40 килограми желад односно дабово семе. Станува збор за локација од околу 3 хектари над Радовиш кон Плачковица која ја подготови ЈП Македонски Шуми а садниците беа обезбедени од ,,Трибенкс’’ чија цел да се обновува шумскиот фонд