• Fri. Nov 22nd, 2024

Заразата со КОВИД -19 во градинките не ја носат децата туку возрасните – велат анализите на МТСП

За два месеца колку што се отворени градинките, во државата се заразени само 18 деца со КОВИД – 19 и 120 вработени. Ова го изјавија денеска од министерството за труд и социјална политика.

Според министерката Јагода Шахпаска, заразата од вирусот КОВИД – 19 не доаѓа од децата, туку од возрасните, вработени во градинките.

МАКЕДОНИЈА

Од коронавирус заболени 18 деца и 120 вработени во градинките

Објавено пред 5 часа – 11 ноември, 2020

ОдГабриела Димковиќ-Мишевска

Во градинките во државата има регистрирани 18 деца позитивни на коронавирус и 120 вработени, од кои 51 негувател, 51 воспитувач, а другите се вработени како помошен персонал во детските установи, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, повикувајќи се на неделниот извештај од здравствените власти.

Министерката рече дека состојбата будно се следи во градинките и повика на почитување на протоколите затоа што, според неа, заразата не се шири меѓу децата, туку доаѓа од надвор.

„Ја следиме епидемилошката состојба во градинките со новозаболени дечиња и вработени и ова се бројките што ги добивме од последниот извештај во петокот. За сега имаме над 1.200 деца што се во изолација како превентивна мерка поради контакт со заболено лице. Сепак, ќе кажам дека инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата. Тоа го докажуваат здравствените власти врз основа на извештаите. Инфекцијата во градинките доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни, кои се вработени во градинките“, рече Шахпаска на денешната прес-конфернеција.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *