Во Гевгелија од утре треба да се игра кошаркарскиот куп на Македонија каде учесник е и КК Гостивар. Тие од МКФ побара одложување КУПОТ поради големата трагедија која се случи синоќа во која животот го загубија 14 лица.
„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар, објавено на клупскиот фејсбук-профил.
Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар.