• Fri. Nov 22nd, 2024

Започнува реализацијата на договорот за Коридорот 8 и 10-д, опозицијата критикува

ByВане Трајков

Apr 22, 2023

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Владата за негова изградба потпиша договор со Бехтел и Енка.

„Со реализација на овој најголем инфраструктурен проект се заокружува коридорското автопатското поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот. Тоа значи полесно движење на стоки, услуги и капитал, но и најважно безбедно одвивање на сообраќајот“, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Овој проект од самиот почеток го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор. Но и покрај сомнежите, Владата и Бехтел и Енка го потпишаa договорот.

Договорот со конзорциумот Бехтел и Енка не е достапен за јавноста затоа што е класифициран, односно е деловна тајна по барање на изведувачот и Владата. Од Владата на 20 април соопштија дека документацијата и деталите од договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 ќе биде презентирана во Собранието, пред пратениците кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат.