• Tue. Nov 26th, 2024

Започнаа јавните собири, градоначалникот се сретна со соработници од Вељуса, Водоча и Баница

ByЃ. K.

Nov 8, 2023

Синоќа започнаа јавните собири на кои градоначалникот Костадинов се сретна со своите соработници од општинската администрација и општинските јавни претпријатија.

На Јавните собири во населените места Вељуса, Водоча и Баница се разговараше за сработеното и на што треба да се даде приоритет во новата буџетска година.

Денеска, 8 ноември, се паузира бидејќи многу граѓани го слават празникот Митровден и јавните собири на 9 ноември ги продолжуваат во Сачево, Дабиле и Градско Балдовци.

By Ѓ. K.