• Mon. Nov 25th, 2024

Започна санација на оштетените делови од асфалтот во Дрвош

ByЃ. K.

Jul 22, 2023

Поради лошата конфигурација на теренот, дотраената инфраструктура и честите појави на поројни дождови, патната инфраструктура во Дрвош е во исклучително лоша состојба.

  • „Оваа недела започнавме со санација на оштетените делови од асфалтот во Дрвош, активностите ќе продолжат и периодов, а за месец дена ќе се прошири патот кои води кон Дрвош во должина од 1000м и ширина 1м. Граѓаните на општина Босилово секојдневно се соочуваат со бројни проблеми и предизвици. Во рамките на можностите, се трудиме да решиме барем дел од проблемите. Продолжуваме со континуирана работа.“ – истакна Ристо Манчев, градоначалникот на општина Босилово.

By Ѓ. K.