Во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, денес започна традиционалниот 15 по ред „Саем на книги 2024“. На саемот со свои наслови се претставени 15 издавачки куќи на 12 штанда со вкупна понуда од над илјада наслови.
За значењето на читањето на истиот зборуваше проф. Јовица Илиќ, а за отворен саемот го прогласи Љупче Почивалец – секретар на Општина Радовиш.
Саемот ќе трае до четврток, 23 мај во термин од 10.00 до 19.00 часот.