• Wed. Nov 27th, 2024

Запленети 2,7 килограми сребрен накит на ГП „Богородица“- Царина заплени над 500.000 денари непријавена стока

ByЃ. K.

Nov 21, 2023

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини „Богородица“, „Блаце“ и „Табановце“ во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари.

Во првиот случај, заплената на ГП „Богородица“, двајца сопружници на влез во државата на граничен премин Богородица се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот.

By Ѓ. K.