• Tue. Nov 26th, 2024

Замрзнатите цени ќе го „замрзнат“ домашното производство

By

Feb 6, 2022

Замрзнатата цена на дел од прехрамбените производи ја намали понудата. Во многу од  месарите веќе го нема јунешкото месо, а се погласни се и предупредувањата дека ќе се ограничи количината на белиот, таканаречен народен леб.

За производителите ова е само еден во низата негативни ефекти, бидејќи следните чекори ќе бидат затворање на некои од бизнисите и отпуштање на вработените. По исцрпувањето на залихите,  во моментов таложат загуби и се обидуваат да опстојат на пазарот.

Ситуацијата е тешка секаде,но тоа е особено кај производителите на пилешко месо, вели Тони Димевски кој со децении наназад се бави со овој бизнис.  „Храната е покачена за 60% во однос на  лани, струјата е исто така поскапа, реагенсите ( греењето) кај пилињата се исто така многу покачени, па во овој момент не е издржливо работењето“, посочува  Димевски за „Локално“.

Според него, државата треба да ги замрзне цените на основните продукти (лебот и млекото), но  да најде начин како да ги субвенционира млиновите или пекарите. Предупредува дека списокот на производи на кои Владата одлучи да им ги замрзне цените е навистина преширока поради што некои бизниси ќе се затворат. Проблем е вели и фактот дека фирмите нема да можат да земат кредит за да опстојат бидејќи ќе станат неликвидни.

извор:

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *