Владата на РМ во Собранието предложи измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Предложените законски решенија се во насока физичките и правните лица корисници на градежно земјиште кои не поднеле барање за приватизација на градежно земјиште до 15 декември 2014 година да можат да поднесат барање за приватизација до 31 декември 2021 година.
Со постојниот Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост корисниците на градежно земјиште (физички и правни лица) имаа можност да поднесат барање за приватизација на градежното земјиште до 15.12.2014 година.
Со овој предлог-закон се предлага и продолжување на роковите за прибележување на поднесените барања за приватизација, на роковите за бришење на корисничките права и на роковите за поднесување на пријавите за промена на правото на користење пред Агенцијата за катастар на недвижности.