• Sun. Nov 24th, 2024

Заев и Пендаровски од Струмица: Заедно на Европа и даваме нова вредност, европски претседател

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Стумица повикаа граѓаните од општината и од државата, масовно да ја поддржат опцијата Заедно Напред.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Стумица повикаа граѓаните од општината и од државата, масовно да ја поддржат опцијата Заедно Напред.

„Оваа политичка опција е единствено европска и ќе ја однесе државата меѓу европски равиените нации и држави“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека клучните работи во нашата држава се солидарност, почит и еднаквост меѓу сите етнички заедници.

„Немаме намера да им овозможиме на оние кои ја зацрнија државата, кои со режимот децата ги избркаа, да ја вратат назад. Република Северна Македонија дефинитивно оди кон развиениот свет, немаме намера да дозволимре да се врати во мрачното минато. Ќе бидеме вистински реални победници во интерес на сите нас и нашата заедничка татковина. Заедно одиме Напред“ порача Пендаровски.

Заев посочи дека Струмица отсекогаш била европска општина и дека “покажавме како се води и држава”.

„Отворивме перспективи кон НАТО и ЕУ, почнавме економски да ја развиваме државата, економските параметри го покажуваат тоа, доаѓа убава иднина, назад нема, рече претседателот на СДСМ и премиер“, Заев.

информацијата е превземена од makfaks.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *