Задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници и препорака за вакцина за вработените во јавниот сектор и локална самоуправа за да може да одат на работа, стои во предлозите од Комисијата за заразни болести до Владата, најави министерот за здравство Венко Филипче по утринскиот состанок.
Филипче кажа дека препораката за вработените во државните институции се однесува на примена најмалку една вакцина, или негативен ПЦР тест, еднаш неделно на сопствен трошок, или потврда за прележан ковид , или потврда од лекар специјалист дека не се препорачува вакцината, поради имунозагрозувачки болести.
„Препорачуваме кон ова да се приклучат и приватните компании. Стигна писмо од Стопанската комора на оваа тема, со цел да се заштитат производствените капацитети“, рече министерот.