• Fri. Nov 22nd, 2024

Загрижувачки: Во Македонија 450 500 граѓани се сиромашни

Секој петти Македонец е во голем ризик од сиромаштија. Ова се поразителните податоци кои ги објави ДЗС, анализирајќи ги процентот на сиромаштија и нееднаквост на приходите. Според нив, 21,5 % или 450 илјади граѓани , речиси и да немаат ни за леб.

Овој процент на Истокот е многу поголем, каде водечка стопанска гранка се кожарската ,земјоделската и текстилната индустрија , кои се со најмали просечни плати од одвај 12.000 денари.Дополнително, околу 20 % од населението се невработени, а околу три отсто се корисници на социјална помош.Ова во пракса се рефлактира во сé поголемите редови пред народните кујни, односно во се поголемиот број на гладни луѓе

Невладините организации не само што бараат начин како да се помогне на сиромашните бараат институциите да излезат од корпусот и да бидат поблиску до народот со цел реално да ги согледаат нивните потреби.

Македонија, во континуитет е на самото европско дно, коаг ев о прашање економијата. Оттаму веројатно нема да се одлепи уште долго, барем ако се суди според Бруто домашниот производ, кој е најмал во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *