Завршуваат подготовките во Дом на АРМ во Струмица за утрешната владина седница на Македонија и Бугарија. Седницата ќе се одржи во големата сала на првиот кат, којашто изминативе недели се уредува за овој настан.
Во продолжение оваа е медиумската агенда за утрешниот настан.
09.00-10.00 – пристигнување и регистрација во Дом на АРМ, Струмица
10.20-10.40 – упатување кон споменикот на Борис Трајковски и подготовска за настанот за полагање свежо цвеќе
10.40-10.50 – полагање на свежо цвеќе на споменикот на Борис Трајковски
11.00-12.00 – Враќање во новинарските простории и подготовка за свеченото потпишување во прес сала
12.05-12.20 – свечено потпишување на договори и меморандуми
12.20-12.50 – прес конференција
12.50-13.05 – предавање на донација на општина Струмицс од страна на бугарската Влада