Академија Пандев втора година по ред го организираше меморијалниот турнир „Филип Лазаревски КУП“ во Струмица. Учество на годинешниот турнир зедоа четири екипи: Академија Пандев, ФФМ – Фудбалска паралелка Скопје, Реал Ниш (Србија) и УВВ Утрехт (Холандија). Се играше во формат секој со секого, па на крај победник со 9 освоени бодови беше екипата на ФФМ. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Димитрија Стевановиќ, најдобар играч Мете Максимов, а за најдобар стрелец Кире Митков.