Седницата на Владата денеска заврши без продолжување на антикризните мерки чиј рок на важење истекува денеска.Од утре се одмрзнуваат цените на основните производи и се најавува нов бран поскапувања во екот на економската криза која што зема сѐ поголем замав.Повторно со 5 отсто ДДВ ќе бидат оданочени лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца.
Владата истотака ја ограничи маржата за трговците на 5, односно 10 проценти за одредени производи.Истекува и рокот на намалувањата на цените на бензините и другите нафтени деривати кои произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.
Сега на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги објави новите цени на горивата во малопродажба.