Порано од предвидениот рок, завршува уште еден голем проект – комплетна реконструкција на улицата „Крушевска Република“.
Се асфалтираат последните метри и оваа значајна и фреквентната улица во горниот дел од градот добива нова, модерна и функционална димензија од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Бел камен“. Дополнително „Комуналец“ ќе ги уреди зелените површини.
Реконструкцијата чини 19 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.