Со Финалната прес конференција заврши реализацијата на проектот “Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап”, во чии рамки беше извршена целосна реконструкција и уредување на туристичкиот локалитет Динќут кај Гевгелија. Проектот беше финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА Прекугранична програма БГ-МК 2014-2020, а лидер партнер беше општина Гевгелија, додека партнер од бугарска страна беше Агенцијата за локален развој во Банско.
На прес конференција, одржана во амфитеатарот на Динќут, се сумираа сите активности на проектните партнери, но се истакнаа и предностите на прекуграничното партнерство. Пред се, идната соработка и поддршка во зачувувањето и оддржливото користење на природното и културното наследство во регионот. Истовремено, се презентираат реализираните цели, активности и резултати од проектот. Но, и пошироки бенефити од оваа заедничка соработка.
-Динќут е уште една потврда дека Гевгелија сигурно чекори кон модерна, зелена и европска општина. Благодрејќи на проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион” и финансиската поддршка од ЕУ, преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, Динќут денес стана модерен спортско-рекреативен центар за најмладите, но и за повозрасните. Тоа можеше да се види изминативе викенди, кога гевгеличани повторно започнаа масовно да доаѓаат на Динќут. Се разбира, заедно со своите најмили, да ги користат спортските терени и опрема наменети за рекреација на најмладите, но и за сите други заинтересирани граѓани. Тоа е најдобрата потврда за успешноста на овој проект, кој има и една друга димензија: проектот е продукт на успешната прекугранична соработка, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на финалната конференција, упатувајќи благодарност до донаторот, партнерите, изведувачите, проектниот тим за успешно реализираниот проект.
-Се заблагодарувам до сите оние кои го поддржуваа и веруваа дека овој проект, како што реков при отпочнувањето со изведбените работи, ќе биде наменет и ќе им служи на сите граѓани, како и на не така малиот број намерници, кои секојдневно престојуваат во Гевгелија. Од денес овој центар е отворен за сите нив. Посебно за децата, учениците, невладини организации и други институции, за реализација на своите програми. Но, и за едукативна настава како да го чуваме и штитиме нашето природно богатство. Во ова прилика сакам да нагласам дека Динќут е само еден од повеќето проекти што ќе ги реализираме водени од визијата дека Гевгелија е навистина европска и зелена општина, рече Поцков.
На финалната конференција свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за локален економски развој од Банско, Георги Цветков, кој ги презентираше активностите за изработка на мобилна апликација за природното и културното наследство на општините Гевгелија и Банско. Исто така, изработи веб страна и феисбук страна, како и фото албум за најзначајните природни и културни реткости во двата региони. Покрај ова, изработена е посебна анализа за културните вредности со кои располагаат двата региони, Банско и Гевгелија.
Гевгелија со реализацијата на овој проект доби ново туристичко излетиште, кое веќе масовно се посетува и користи од граѓаните, посебно, младите. Покрај целосното уредување и поставување на урбана и друга опрема на излетиштето, согласно одобрениот проект, општина Гевгелија зарадаи негова целосна функционалност, презеде дополнителни активности. Уреден е паркинг простор, на влезот од излетиштето, и поставен е тоалет. Претстои и заградување на излетиштето, како една од заштитните мерки, покрај видео надзорот кој е поставен на Динќут.