Општина Гевгелија означи завршување на еден проект кој носи долгогодишен бенефит за сите граѓани, станува збор за повеќекомпонентниот проект: „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија“, кој вклучува:
Изградба на пречистителна станица за отпадни води;
Затварање на старата градска депонија;
Како и изградба на нова фотоволтаична централа со капацитет од 100 киловати или 30% од потрошувачката на станицата.
На настанот присуствуваа, Министерката за Животна средина и просторно планирање, г-ѓа Каја Шукова, Амбасадорката на Република Грција, Н.Е Софиа Филипиду, како и Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е, Вероник Улман.
Изградбата на оваа пречитителната станица за отпадни води претставува трилатерален проект вреден 10,6 милиони евра, во чија изградба учествуваа Македонија, Швајцарија и Грција. Свое учество како крајни корисници имаа Општина Гевгелија и Јавното Претпријатие за Комунални Дејности „Комуналец“ Гевгелија. Исто така во овој проект беше вклучено и Министерство за животна средина и просторно планирање.
За Општина Гевгелија, оваа станица има големо значење не само од еколошки аспект, туку и можност за унапредување на инвестициската клима.
„Изминатите две години вложивме огромни напори за реализација на овој проект, на почетокот се соочивме со големи проблеми, но, ги надминавме и денес сме горди што означивме крај на овој повеќекомпонентен проект“, истакна градоначалникот Андон Сарамандов.