• Fri. Nov 22nd, 2024

Заврши изградбата на атмосферскиот канал во Габрово

ByВане Трајков

May 12, 2020
Градоначалникот Коста Јаневски со соработниците денеска го посети населеното место Габрово кадешто заврши изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри. Со овој зафат се реши проблемот со атмосферските води во селото. 
 
Го посетија и населеното место Градско Балдовци кадешто во завршна фаза е реализацијата на проектот ,,Улица со шеталиште”.
Се довршува поплочувањето на тротоарот на којшто ќе бидат поставени 16 клупи и до крајот на неделата ќе се изврши асфалтирањето на улицата во должина од еден километар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *