• Fri. Nov 22nd, 2024

За сообраќајката кај Сити Мол каде загина Викторија од Радовиш 3 години затвор и 3 години забрана за возење

ByВане Трајков

Apr 11, 2022

Три години затвор доби возачот Јордан Ѓоргиев кој ја прегази Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи зошто висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело.

„Обвинетиот го призна делото, изрази каење, покажа свест на противправноста на стореното, неговата возраст, дека станува збор за млада личност на возраст 23 години, пред која претстои цел животен пат и кој првпат доаѓа во судир со законот…“, рече Љубинка Башеска, судијка.

Но, од семејството на загинатата рекоа дека се згрозени од, според нив, прениската казна.

„…Згрозен сум од оваа држава и од судоството. И затоа има толкав голем процент на доверба во судстовот, нула проценти. Друго немам ништо. Згорзени сме ние како фамилија со ваква пресуда и немам зборови, затоа сите ја напуштаат оваа држава“, рече таткото на загината Викторија Николова.

Незадоволни од пресудата беа и адвокатите на семејството на Викторија, но и на нејзиното момче кое беше повредено при ударот.

„На 20-ти вечерта трепкаше жолто светло. За жал денес овој суд дозволи светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да бидат, односно да поминат неказнети“, изјави Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *