На 07.07.2019-та година (недела), на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржат „Спортски игри на еднаквоста“
Настанот е во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ – Струмица.
Учесниците ќе бидат поделени во три тимови и ќе се натпреваруваат кој да ја понесе титулата за најдобар тим. За учесниците од другите градови и нивната придружба обезбедено е преноќевање на 7 јули/8 јули, јадење и минимални подароци.
Во текот на игрите нив ќе им асистираат девојките од одбојкарскиот клуб „Наковски волеј“.
Освен спортските игри во агендата е вклучена и посета на историски споменици и локалитети во Струмица.