Денеска, за првпат во историјата на Струмица е отворен Младински центар. Станува збор за современ и европски Младински центар кој беше прво ветување за младите од страна на градоначалникот Костадин Костадинов.
„Моето прво ветување за младите е целосно исполнето. Во интерес на овој Центар, уште од првиот ден се откажав од службениот автомобил и со сопствени средства во износ од 7.200.000 денари напорно работевме во преадаптирањето на неискористениот простор во сутеренот на општинската зграда“, вели Костадинов.
Младите во Струмица ќе имаат свој простор каде што ќе се собираат, ќе ги реализираат своите идеи и иницијативи со кои уште поактивно ќе се вклучат во создавањето на новата верзија на Струмица.