• Fri. Nov 22nd, 2024

За прв пат нема прием на нови болни од ковид-19 во болница

За прв пат нема прием на нови болни од ковид-19 во болница

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хема хоспитализирани пациенти поради компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Немало прием на Институтот за ТБЦ, ниту во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во земјава има 1.070 активни болни од ковид-19.

Во Скопје вкупно во болница се лекуваат 58 болни од ковид-19. Во Ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти, во „8 Септември“ има 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32 пациенти.

„Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *