• Sat. Nov 23rd, 2024

За неполн месец во Македонија без работа останале 8.160 луѓе

Во периодот од 11 март до 30 април се евидентирани нови 8.160 невработени лица, соопшти Агенцијата за вработување.

Според основот на престанок, 4.279 лица (52,4%) се поради истек на определено време, 1.987 лица (24,4%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 853 лица (10,5%) се поради отказ од работодавач, 597 лица (7,3%) се поради отказ од страна на работникот.

Потоа 199 лица се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 68 лица се поради стечај – ликвидација, 37 лица се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 140 лица се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).

Според претежната дејност на работодавачот, најголем дел од лицата кои останале без работа се од преработувачката индустрија (2.804), од дејноста трговија на големо и трговија на мало (1.705), како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.243).

Според школска подготовка на невработените лица, најголем број се со завршено средно образование и непотполно средно образование – 4.884 лица, без образование и со основно образование се 2.142 лица, а со вишо и високо образование се 1.134.

Според возраста на лицата, најголемиот дел се на возраст од 30 – 49 години.

Во истиот период, во Агенцијата за вработување се поднесени приближно 3.900 барања за остварување на право на паричен надоместок во случај на невработеност. Од нив, досега позитивно се решени 1.800 барања, 100 барања се одбиени поради неисполнување на условите за остварување на ова право, а во тек е обработка на останатите барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *