Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.04/09.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 114 лица не ја почитувалe, од кои 50 во Струмица, 26 во Радовиш, 25 во Гевгелија и по 13 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.
Во овие казни влегуваат и санкционираните граѓани за време на акциската контрола што ја спровеле полициските службеници за почитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето во периодот од 10 до 16 часот вчера. Како што велат од СВР Струмица за време на контролата биле санцкионирани 97 граѓани од Југоистокот на кои им се издадени платни налози