• Wed. Nov 27th, 2024

За иста работна позиција мажите земаат повисока плата од жените

Во последните неколку години невладиниот сектор, но и државните статистики и истражувања покажуваат дека иако за исто сработена работа и исти одработени работни часови мажите се платениповеќе од жените во државава.

Иако работат исто трудот на дамите се вреднува помалку во однос на мажите, и тоа цели 18 % помалку, пишува неделната анализа на порталот Portalb.mk.

Според државната статистика од вкупниот број на работници во земјава 60,8% се мажи, а 39,2% се жени.

Од спроведената анализа загрижувачки е фактот што само 1 % од вработените жени во земјава земаат плата поголема од 40.000 денари. Податоците во анализата покажуваат дека вработни мажи коишто земаат плата повисока од 40 000 денари во Македонија се дупло побројни, т.е 2,1 %.

Исто така е поголем бројот на мажи во државата и како работодавачи, односно мажите имаат повеќе сопствени фирми од жените, или 1300 фирми односно околу 19,5% се компании на жени, а останатите 81% на сопствени фирми во Македонија се на мажи.


Разликите во платите можат да се забележат и за исти позиции и за исти сектори, говорат податоците на меѓународната организација на трудот. Стереотипите и конзервативните размислувања за улогата на жената во опшетството се уште се сметаат за главна причина, покажале истражувањата на граѓанскиот сектор.
Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *