• Fri. Nov 22nd, 2024

За брзо возење санкционирани 284 возачи

ByВане Трајков

Jun 19, 2022

Дури 284 возачи се казнети во текот на вчерашната засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.

Од нив, како што информира МВР, 21 се движеле со брзина над 50 километри на час, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 ја пречекориле брзината во населено место, а 166 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 61 други видови прекршоци.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *