• Mon. Nov 25th, 2024

За 41 милион зголемен буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година

ByЃ. K.

Oct 20, 2023

Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година од вкупниот износ 598.552.512 денари е зголемен за 41.512.090 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на вчерашната 32. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 640.064.602 денари.

Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година се однесува на зголемување – на Основниот буџет за 26.253.540 денари, буџетот на самофинансирање за 238.000 денари и буџетот на дотации за 15.960.581 денар, додека за 940.031 денар се намалува буџетот на донации. Овие средства во висина од 41.512.090 денари се пренесени во одредени програми и ставки во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.

Со измените и дополнувањата, во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 43.779.554 денари или 6,84%, додека капиталните расходи во Основниот буџет со 34,64% или 79.830.242 денари и ја задржуваат развојната компонента на Општина Гевгелија.

By Ѓ. K.