• Mon. Nov 25th, 2024

Жител од Баница приведен бидејки нападнал и одзел лични предмети на струмичанец

ByВане Трајков

Jun 14, 2023
полиција

Денеска (14.06.2023) во 00.30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница. Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.