• Fri. Nov 22nd, 2024

Живко Поповски – Цветин им подари „Мироносни цвеќиња“ на бебињата родени на Божиќ во струмичката болница

Шест новороденчиња во струмичката општа болница денеска добија оригинални уметнички дела од ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин. Цртежите наречени „Мироносни цвеќиња“ во струмичката болница ги донесе пријателот на Цветин, струмичкиот фолклорист, Иван Котев.

Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“Скопје по повод Божиќните празници, веќе традиционално, македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин им подарува „Мироносни цвеќиња“ на сите новороденчиња во Македонија, кои доаѓаат како „цвет на овој свет“ на Божиќ, 7 јануари 2021 година.

Години наназад, Цветин своите цветни подароци ги даруваше во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и преку Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје.

Годинава тој ќе подари над 150 свои мироносни цвеќиња на радоста, љубовта за сите новороденчиња во болниците низ Скопје, Битола, Гевгелија, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Кочани, Охрид, Тетово, Струга и др. Раѓањето на Исус Христос симболично е преку раѓањето на дечињата кои носат радост и љубов на луѓето, вели Цветин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *