Детските насмевки денес го разубавија кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов.
Момчињата и девојчињата кои пред неколку дена присуствуваа на свеченото отворање на првиот струмички „Скејт парк“ добија десет скејтови со кациги. На останатите градоначалникот им закажа понеделничка средба во Општината, со ветување дека и тие ќе добијат такви подароци.