Жена остана без златен накит откако била измамена од бајач
Шеесет и осумгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач.
Како што соопшти денеска МВР, жената на 30 јуни 2021 година на М.Ш. му дала златен накит којшто наводно го закопал во нејзиниот двор.
Според пријавеното, откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена. Случајот бил пријавен во Полициска станица Карпош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.