ПОУ Климент Охридски во Ново Село каде се сместени и школуват деца со посебни потреби е затворено бидејки Центарот за Јавно здравје од Струмица прогласи епидемија на заразна жолтица. Кај вкупно 11 деца и вработени е откриена вирусот хепатитис А и за да не се шири болеста одлучено е училиштето да се затвори во наредните 15 дена а децата да се пуштат дома. Доктор Силвана петковска вели дека во март бил октриен првиот случај но минатата недела заразната жолтица се јавила и кај други штитеници во ова установа
Дел од пациентите кај кого е октриена болеста на нечисти раце се задржани на инфективното одделение во Струмица. Доктор Лилјан Манинска вели дека тие се наоѓаат во добра здраствена состојба. Се пожалиле на болки и мачина во стомакот и намален апетит