• Sat. Nov 23rd, 2024

Епидемиолог на СЗО згрозена од глетката на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија

Епидемиологот на СЗО Марија ван Керхов изјави дека се згрозила кога видела како толпата навивачи пее и вика на финалето на Европското првенство во Лондон.

Таа изрази загриженост дека ова ќе го зголеми преносот на Ковид-19, вклучувајќи го и делта-сојот.

„Ројтерс“ наведува дека е невообичаено ваквите коментари да доаѓаат од агенцијата на Обединетите нации, кои вообичаено се воздржуваат од политиката на одредени земји, но техничката директорка на СЗО сцената од 60.000 луѓе на „Вембли“ на последниот натпревар помеѓу Англија и Италија ја нарече „застрашувачка“, објави
„Ројтерс“.

„Треба ли да уживам и да гледам како се шири инфекцијата пред моите очи“, се прашуваше таа во коментар на Твитер за време на натпреварот.

Марија ван Керхов истакна дека пандемијата не направила пауза во неделата навечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *