Мексикански наркобос Хоакин Гусман (61), познат како Ел Чапо, од страна на американскиот суд денеска беше прогласен за виновен по сите 10 точки од обвинението, поради организирање шверц на огромно количество дрога.
Ел Чапо по пресудата би можел остатокот од животот да го помине во затвор, пишуваат светските медиуми.
Судењето почна во ноември минатата година. Претходно, во 2017 година тој беше екстрадиран од Мексико во САД.