Во катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут загинаа најмалку 135 лица, според досегашните достапни податоци.
Околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив на главата.
Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинатите ќе продолжи да расте.
Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.
„Си-ен-ен“ јавува дека дијаметарот на кратерот во Бејрут што го направи силната експлозија е околу 124 метри.
Објавените информации се засновани врз анализа на сателитски снимки, пренесе Макфакс.
Тоа значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. „Си-ен-ен“ додава дека нивната процена може да варира 10 метри повеќе или помалку.