• Fri. Nov 22nd, 2024

Експертската јавност и натаму поделена, не стивнуваат реакциите за понудениот концепт за основно образование

државна матура

Изминативе денови сме сведоци на бројни реакции во врска со новиот концепт и реформите во образованието кои ги најави министерката за образование и наука Мила Царовска, а иако повеќето од нив се негативни, сепак имаше и такви кои јавно ги поддржаа најавените реформи.

Па така, иако вчера од Институтот за педагогија со мнозинство гласови се донесе заклучок да не се прифати понудената концепција за основното образование, сепак раководителката на тој институт, проф д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ, како и проф-др Лена Димовска, објавија дека тие не се против понудените реформи.

– Нè сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено. Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата – се вели во демантот од проф. д-р Делчева Диздаревиќ.

Професорот Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“, исто така застана во одбрана на понудениот концепт, истакнувајќи дека преку него не се копира финскиот модел на образование.

– Концепцијата не е она што прозвучи во јавноста дека е копиран финскиот модел, туку дека се консултирани многу воспитно-образовни модели. Оваа концепција лежи на национални стандарди кои што произлегуваат од препораката на Европската комисија за образование од 2018 година. Нашата цел не е да се фокусираме на учебници, лекции, нашата цел е да се фокусираме на излезните резултати, да дојдеме до резултати со кои ќе бидеме споредливи, нашата цел е тоа да стане подинамично, да стане систем – истакна Барбареев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *