Академија Пандев во своите редови ги носи Аце Стојков и Филип Тимов пред стартот на фудбалскиот шампионат неофицијално дознава ВИС СПОРТ.
Стојков кој заедно со Пандев ја почнаа интернационалната кариера веќе ставил потпис на договорот понуден од Академијата и ќе го носи дресот бр. 77 велат нашите извори. Аце Стојков зад себе има огромна фудбалска кариера а беше дел и од македонската репрезентација. Се очекува токму тој да биде креаторот играта но и головите за пандевци ова сезона.
Освен Стојков , договор се очекува да биде потпишан и со Филип Тимов кој последната сезона играше за кратовски Силекс. Тимов кој има настапувано за Хоризонт Турново, Копер, Арис Лимасол од Кипар како и за ерменските Импулс и Банантс беше со Академијата во рамките на подготвителниот период но до официјален потпис не дојдоа.
Со новите и претходните засилувања , фудбалските работници тврдат дека Академијата ова сезона направи респектабилна екипа спој на искусни и млади фудбалери и ќе биде тежок противник за сите проволигаши. Инаку најголемито дел од играчите односно костурот на прволигашкиот тим е од сопствените погони
Од клубот ниту ги потврдија ниту ги демантираа информациите на ВИС СПОРТ но нагласија дека за сите нови засилувања ќе излезат со официјални соопштенија