Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ веќе се излезени на терен и работа на отстранување на последиците од силниот дожд кој што попладнево ја зафати општина Струмица. Според Стојан Ефтимов, раководител на работната единица „Водовод и канализација“, во моментов две цистерни работата на улицата „Младинска“ и една машина работи на ослободување на застојот на водата од разновидните наноси во долниот дел на поројот „Крушевска Република“ овозможувајќи таа да истекува понатаму. Ефтимов додаде дека работат и на други локации по повиците од граѓаните. Во оваа попладневна акција вклучена е и Територијалната противпожарна единица која веќе работи на одредени локации во градот.
Инаку, општина Струмица ги извести граѓаните и правните лица кои имаат проблеми од невремето што ја зафати попладнево Општината и имаат потреба од помош, да се јават на следните телефонски броеви: 034 325 909 на ЈПКД „Комуналец“ и на 076 48 48 48 на „Систем 48“.