Спортскиот портал Екипа од свои извори дознава дека струмичкиот кошаркарски интернационалец Владо Илиевски кој минатата сезона се збогуваше со играчката кариера, ќе биде новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Зад Илиевски наводно застанале поголемиот дел од кошаркарските клубови во земјава.
ЕКИПА дознава дека Илиевски имал средби со еминентни лица од државата, од кои добил безрезервна поддршка за да тргне во офанзива на претседателската функција. Во следниот период би требало да следи лобирање кај клубовите, чија поддршка ќе треба да ја добие за да дојде до функцијата на која моментно се наоѓа Пеце Наумоски
Останува да се види дали Пеце Наумоски веќе на наредното Собрание би му го отстапил своето место на Владо Илиевски, или ќе продолжи со жестоката борба за власт која ја водеше и во текот на минатата година, кога го издржа притисокот на клубовите и опстана на Вонредното Собрание што се одржа во Скопје пишува порталот Екипa
извор и фото www. ekipa.mk